Достапни линкови

Никола Груевски избран за нов претседател на партијата


Никола Груевски, досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше избран за нов лидер на партијата по тајното гласање на редовниот конгрес на оваа партија, што во изминатите два дена се одржа во Охрид.

Груевски, од 289 делегати кои гласаа освоил 220 гласа, додека неговиот противкандидат, Марјан Ѓорчев, ја доби довербата на 69 делегати, соопшти претседателот на изборната комисија Љупчо Балковски. Сите делгати гласале, а неважечки ливчиња нема, додаде Балковски по процедурата на гласањето и пребројување, што траеше нешто повеќе од 2 часа.

Во своето обраќање по соопштувањето на резултатите, Груевски истакна дека партијата ја очекуваат тешка борба и голем напор за зацврстување на внатрешната организацијата.

„Убеден сум по овие седум месеци во Македонија, дека наскоро ВМРО ДМНЕ Ќе биде новиот победник на следните избори,"

рече Груевски.

На крајот од Конгресот, новиот претседател во името на партијата, на Љубчо Георгиевски. кој вчера официјално се повлече од лидерската функција, му врачи Златна плакета, „за вечна благодарност за се што тој направил за партијата во периодот од 1990 до 2003“.

Георгиевски, конгресот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени како школски пример за демократија не само во земјата, туку и пошироко и уште еднаш повика на кампања за предвремени избори.

„Македонија треба уште веднаш психолошки да се подготви за нови избори и за нова победа на ВМРО ДПМНЕ,“

рече Георгиевски на крајот од конгресот.

Никола Груевски, актуелен пратеник во Собранието на Македонија, е економист. Партијата го презентираше за прв пат по победата на парламентарните избори во 1998 година, именувајЌи го за министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски, а од пред неколку месеци е избран и за потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно работел во банкарство (Балканска банка), а моментално е ангажиран и како советник во Минстерството за финасии во српската влада
XS
SM
MD
LG