Достапни линкови

logo-print

Избор за песна на евровизија


Вечер во главниот град на Латвија – Рига ќе биде одржан 48 по ред Евросонг. Годинашнава Евровизија по многу што ќе биде различна од претходните на кои претежно настапуваа непознати пеачи и групи за поширокиот европски простор. Годинава Евровизијата има светски познат бенд.

Поздрав од Марс. Oва насловот на латвискиот сонг – песната на домаќинот на годинашната Евровизија што оваа вечер ке биде одржана во Рига. Флај е група за која што веројатно не сте слушнале што е и нормално бидејки таа е специјално составена за вечерашниот настан. Истото може да се рече и за минатогодишниот побеник Мари Н., а и за дуото Падар – Бентон кое победи пред две години. Станува збор за претежно непознати бендови и пеачи кои за прв пат се појавуваа, а некои од нив и го освојуваа европскиот простор односно пазар. Меѓутоа годинава во Рига се вистински звезди. Станува збор за Тату двете млади русинки кои со своите лезбејски склоности ја скандализираа светската поп сцена. Нивната популарност е веројатно причина што нивната песна оди на гласањето на евровизиската интернет страница.

Не верувај, не се плаши и не прашувај, пеат двете девојки Лена Катина и Јулија Волкова руското дуо Тату. Редовно Евровизијата ја следат околу 100 милиони гледачи. Учеството на Тату се очекува да ја зголеми гледаноста, но од друга страна Тату е меч со две острици. Тие доколку направат скандал можат да влијаат за намалување на кредибилитетот на Евровизијата. Нивниот менаџер Игор Шапалов на прес конференцијата во Рига на организаторите им порача да не се плашат.

„Смире те се , тука нема бомба , нема експлозии. Ние ке ги почитуваме правилата како што гледате.“

Организаторот пак вели дека другите пеачи нема да бидат во сенката на Тату, бидејки годинава настапувале брилијантни музичари и од други земји. Без разлика , како ќе биде вечерва во Рига, јасно е дека по Естонија и Латвија, Литванија нема да победи односно Балтикот нема да постигне како што се изразуваат спортистите Хет трик бидејки нивната песна, велат музичклите критичари е лоша.
XS
SM
MD
LG