Достапни линкови

Балканот не смее да биде порта за организираниот криминал


Во пресрет на самиот на Европската Унија во Солун од кој земјите на Западниот Балкан очекуваат многу тие ја засилуваат својата активност за да ја покажат подготвеноста за здобивање со најавениот статус интегративно партнерство. Затоа пораката што Макеоднија Албанија Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина сакаа да ја испратат од Охрид е дека се подготвени да поработат на еден од важните аспекти на нивната евроинтеграција, контролирање и европски стандарди за границите. Во завршниот акционен документ што е усвоен во Охрид, покрај политичката платформа, се набележани конкретни мерки што секоја земја одделно е подготвена да ги направи за да се доближи до стандардите на Европската Унија:

„Мерките кои се предвидени со документот се значајни елементи во подготовката на земјите во регионот за нивната интеграција во европската Уија но исто така и кон НАТО Затоа, конференцијата во Охрид е чекор напред кон предстојниот самит на Европската Унија и Западниот Балкан,“

рече амбасадорот Владимир Дробњак претседавач со експертскиот дел на конференцијата за безбедност и контрола на границите што се одржа во Охрид.

„Мислам дека ова е следен чекор во европската интеграција на регионот,“

додава координаторот на пактот за стабилност Ерхард Бусек.

Задачата нотирана во документот за натамошна акција е обемна и доста сложена таа бара ангажман и мобилизација на севкупниот државен апарат на блаканските земји. Од модернизација на граничните премини, формирање гранична полиција, регулирање на визните режими, усогласување на законите со европските стандарди до подобрување на контролата на теренот и регионална соработка во искоренување на активностите на организираниот криминал и тероризмот кои станаа слика преку која во Европа се идентификуваат балканските земји.

„Блаканот не смее да биде порта за европскиот криминал,“

порача генералниот секретар на НАТО Џорџ Роберсон, а поготвеност да се стави крај на таквата слика за овој регион изразија сите предтавници на земјите учеснички.

Од политички аспект беше испратена и следната порака:

„дојден крај за политичкиот екстремизам и за користењето на границите од страна на криминалните банди. Владите од регионов почнаа да работат заедно за решавање на проблемот,“

оцени НАТО амбасадорот Роберт Сери.
XS
SM
MD
LG