Достапни линкови

Советот за безбедност ја одобри резолуцијата за Ирак


Советот за безбедност на Обединетите Нации ја одобри американската резолуција за укинување на тринаесет годишните економски санкции против Ирак. Оценка е дека со тоа се надминати претходните недоразбирања во Советот во врска со ирачката криза.

Сите членки на Советот за безбедност, освен Сирија која не присуствуваше на гласањето, беа за резолуцијата. Со неа, покрај укинувањето на санкциите, се одобрува сојузничките сили, предводени од Соединетите Држави, да управуваат во Ирак. Со тоа, пак, се отвора патот - американско-британските сили да извезуваат нафта со обврска добивката да ја употребат за обнова на Ирак.

„Ова резолуција е производ на компромис, а со компромис никој не го добива она што го сака. Но, таа и дава на меѓународната заедница легална база за нејзините активности во Ирак.“

изјави генералниот секретар Кофи Анан. Иста беше и оценката на амбасадорите на Франција, Германија и Русија – земји кои се спротивставуваа на американско-британската интервенција во Ирак.

„Со оваа резолуција, ги оставивме зад себе поделбите од минатото, а за доброто на ирачкиот народ.“

„Ние се уште мислиме дека употребата на сила беше нелегитимна. Но, сега имаме нова ситуација во која треба да им помогнеме на ирачаните да ја обноват земјата.“


Рекоа амбасадорите на Германија и на Франција во Обединетите Нации Гинтер Плојгер и Жан Марк де ла Саблиере. Соединетите Држави и Британија оценија дека усвојувањето на резолуцијата е важно и за Ирак и за меѓународната заедница.

„Обединетите Нации ја обновија својата позиција за ова важно прашање.“

„Симнувањето на санкциите е значаен настан за народот на Ирак.“


Изјавија британскиот и американскиот амбасадор во Њујорк Џереми Гринсток и Џон Негропонте.
XS
SM
MD
LG