Достапни линкови

Невообичаено е синдикатот да учествува во политичка кампања


Не е вообичено синдикатот да учествува во политичка кампања. Целта на основање на синдикатот е заштита на социјалите права и правата од работен однос а не да учествува во политичката сцена.

„Невообичаено е синдикатот да учествува во политичка кампања. Во светот синдикатот може да дава поддршка на некоја политичка програма, тоа е точно, но директно да биде инволвиран во политичка кампања и да предлага свои кандидати, такви примери нема“.Тон

вели професорот на правниот факултет Борче Давитковски по најавата на лидерот на ССМ Ванчо Муратовски оти синдиактот ќе земе учество на локалните избори. Според Давитковски дискутабилен е и првниот аспект на таквата намера на синдикатот.

„Доколку синдикатите сакаат да се вклучат во политичка борба, тие би требало да се пререгистрираат, односно да попримат карактер на политичка партија, па потоа да можат да се кандидираат“.

На ова упатуваат одредбите во уствот и во законите каде точно се определени основите врз кои може да се формира политичка партијата од една и синдикат од друга страна, посочува Давитковски.

„Уставот кажува дека треба да се тргне од целите за коишто се основаат. Синдикатот е за социјалните права, а политичките партии за добивање на власта“.

Според Давитковски примерот на синдикатот во Македонија кој најави инволвирање во политичката власт освен што е единствен во светот упатува и порака врз општествената сцена во Македонија која предизвикува сомневања во амбицијата на синдикатот дека ке работи И во иднина ан заштитатат на правата на работниците.

„Затоа што ако биде директно инволвиран во политичката власт, има опасност да се оттуѓи од својата база и членство. Никој не е гаранција дека тие ќе продолжат да ги бранат само социјалните права. Штом ќе влезе во власта, а таа е се разбира слатка, секој ќе гледа а можеби веќе ќе може и на своето членство да му се спротивстави“.

Претседателот на Синдикатот Ванчо Муратовски пак по најавата за учество на локланите избори денеска дообјаснува оти таа идеја сеуште не е општо прифатена во сојузот, но оти таа воопшто не претставува партизација на синдикатот.

„Ова е нафрлено само како идеја, а колку од тоа ќе се оствари ќе видиме во текот на идната година, кога ќе бидат изборите. За тоа прашање треба да има и консензус во Сојузот на синдикатите на Македонија. Како идеја не е лошо, заради тоа што очигледно се покажува во практиката дека договорите што се прават со владите и со коалициите во Република Македонија не се почитуваат до крај“.
XS
SM
MD
LG