Достапни линкови

Москва: Русија подготвена на соработка со САД на сите полиња


Русија е подготвена на соработка со Соединетите Држави на сите полиња, е суштината на пораката на Владимир Путин до Џорџ Буш, која ја пренел рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов при посетата на Вашингтон. Како што соопшти Кремљ, Путин оценил дека американско-руското партнерство ќе придонесе за глобалната безбедност и стабилност. За 1-ви јуни во Санкт Петерсбург е закажан самит меѓу Путин и Буш.
XS
SM
MD
LG