Достапни линкови

Алжир: Над 530 загинати во силен земјотрес


Над 530 луѓе загинале, а околу 5 илјади се повредени во синоќешниот силен земјотрес во главниот град на Алжир и неговата околина. Земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според рихтеровата скала. Голем број луѓе останале под урнатините, а меѓу најтешко погодените градови е Руиба, каде што многу згради се урнале до темел.
XS
SM
MD
LG