Достапни линкови

logo-print

Без заедничка координација нема безбедни граници


Прашањето за границите е сложено, почнувајќи од преземањето на контролата од страна на полицијата, преку техничката опременост, па се до формирање централни бази на податоци. Сепак, можеби клучното прашање во врска со границите е борбата против организираниот криминал, екстремизмот и политичкото насилство, појава што е регионален проблем директно поврзан со слабо обезбедените граници на Балканот. За да се добие војната потребна е мобилизација на целиот државен апарат, финансиска помош, но првенствено соработка на сите земји од Балканот.

„Македонија може да вложува огромни средства и луѓе во својата сопствена безбедност на границите, меѓутоа, тоа нема да успее без адекватна координација со останатите земји од регионот“

рече Мајк Лејти, советник на генералниот секретар на НАТО најавувајќи ја конференцијата во Охрид.

„Значи, она што треба да го направиме е да се справиме со нелегалната злоупотреба на границите и да ги отвориме границите за легална трговија, со што ќе се овозможи корист на граѓаните“

рече Лејти. Од среќавањето во Охрид, за кое се смета дека е само почеток на еден инзвонредно важен процес за регионот треба да произлезат не само политички декларации туку и конкретни начини како Балканот ќе ги реши проблемите со границите:

„Ова конференција означува почеток на еден акционен план, посебно на вториот ден од конференцијата кога ќе имаме средби на средно ниво и работа во работни групи“.

Конкретни резултати очекува и македонскиот државен врв.

„Ќе се разговара на конкретна тема, јас очекувам дека ќе бидат конкретни и резултатите“.

изјави министерот за одбрана Владо Бучковски.
XS
SM
MD
LG