Достапни линкови

Вашингтон: САД нема да им дозволат на инспекторите за оружје на ОН да се вратат во Ирак


Соединетите Држави повторија дека нема да им дозволат на инспекторите на Обединетите Нации за оружје да се вратат во Ирак. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер образложи дека тоа е неможно поради продолжувањето на воените акции во Ирак. Претходо, Вашингтон на Советот за безбедност му ја претстави изменетата нацрт резолуција за укинување на санкциите против Ирак. Во неа се предвидува специјалниот претставник на Обединетите Нации во Ирак да има независен авторитет во напорите за обнова на земјата. Исто така се предвидува и продолжување на програмата нафта за храна. За шест месеци.
XS
SM
MD
LG