Достапни линкови

Извештај за достигањата на земјата во реформите


Во рамките на дијалогот меѓу Македонија и НАТО министрите за одбрана и за надворешни Бучковски и Митрева денеска во Брисел на состанокот со Министерскиот Совет на НАТО реферираат за достигањата на земјава во реформите и исполнувањето на стнадардите за членство во Алијансата.

„Мислам дека е добра прилика да се чујат коментарите, а од друга страна е добра можност министерката за надворешни работи и јас да ги презентираме нашите достигнувања, за да покажеме и докажеме дека навистина влегуваме во фаза која условно јас би ја нарекол завршна фаза за напорите што ги прави Република Македонија за да им докаже на партнерите од НАТО дека ја заслужува поканата во 2006-та година“.

изјави за Радио Слободна Европа министерот за одбрана Владо Бучковски. Всушност агендата на разговорите е сеопфатна, таа ги вклучува сите аспекти на македоскиот акционен план за членство, што подразбира не само армиски туку и политички реформи. Министрите на НАТО Ќе бидат информирани и за подготовките за примена на повеЌегодишната програма за планирање и буџетирање на одбраната, што е едно од барањата на Алијансата, тука е и обврската за правична и соодветна застапеност на припадниците на заедниците, а ќе стане збор и за постигнувањата во борбата против организираниот криминал и корупцијата за која се смета дека е еден од клучните проблеми на земјава и регионов. Македонија претендира на статусот на лидер на регионалната соработка, а примерот со сортаботката со Албанија ќе биде посочен и на разговорите во Брисел рече Бучковски:

„бидејќи се покажа дека организираниот криминал не е проблем само на Македонија, туку дека е тоа регионален, па дури и поширок, европски проблем. И мислам дека ние како промотори на регионалната соработка со право може да се пофалиме дека создадовме такви добрососедски односи, што можеме, на пример со релациите што во последно време ги имаме со Република Албанија, да бидеме и пример како и другите држави во регионот може наместо дестабилизирачки, да бидат стабилизирачки фактор“.
XS
SM
MD
LG