Достапни линкови

logo-print

Ситуацијата во Македонија сеуште далеку од смирена


Она што навистина загрижува е фактот дека ситуацијата сеуште е далеку од смирена, дека тоа што немаме судири од поголеми размери, не треба да значи оти треба да ги занемариме инцидентите кои настануваат на меѓуетничка основа, вели професор Јован Донев од Филозофскиот факултет. Според него последните настани покажуваат дека на Македонија и претстои долг пат за надминување на проблемите:

„Само донесувањето на законски и подзаконски акти не ги решава проблемите на теренот. Веќе е неопходна многу посериозна работа. Нормално, со визија и да се има идеја што се сака и тоа да се одработи преку институциите на системот. Меѓутоа, нормално и преку алтернативните облици на здружување на граѓаните. Без таков приод и без јасна стратегија за тоа што сакаме и како сакаме да ги разрешиме проблемите, ќе биде многу тешко брзо нив да ги надминеме“

Голем проблем е и тоа што нема јасна дефиниција за тоа што се случува на теренот не се знае дали станува збор организирани криминални банди или за терористичка организација

„За да можеме да примениме терапија, ние мораме да имаме јасна дијагноза. Без оглед на тоа што политичарите во своите јавни оценки истапуваат од позиција на нивниот рејтинг, нивните ветувања, за мене е несфатливо криминална банда со ракетен фрлач да пука на полициско возило. Зошто таа би пукала кога не е гонета од полицијата?“

вели Донев кој во контекст на овие случувања додава:

„Она што беше најмалку споменуваното, а најризичното што сега и ни се случува, е тоа дека многу лесно, преку земање на оружје в рака, се доаѓа до власт“.

Претставниците на мегународната заедница и
осудуваат овие настани и изразуваат задоволство од акцијата на полицијата

„Полицијата одговори многу брзо и ние ги поддржуваме овие напри за да се спречи насилстото. Тепачката беше мегу ученици кои славеле матура притоа не го занемарувам фактот, но не гледам зошто тоа би влијалело на мегуетничките односи и безбедносната состојба. Едноставно тоа беше лош викенд за Тетово,“

изјави Ирена Ѓузелова портпарол на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG