Достапни линкови

Животот во село поздрав, животот во град поквалитетен


„Пали село, живеј во град,“

коментира еден граѓанин на Скопје прашан каде има подобри услови за живеење. Точно е, објаснува тој, оти на село животот може да биде поздрав, а ако се земе предвид загаденоста во градовите од автомобилите и смогот, но на сметка на тоа, според други соговорници во поголем дел од македонските села, параметрите што по правило обезбедуваат еден квалитетен живот недостасуваат:

„Живеам во село. Со задоволство, само да има услови.“
„Во секое село во Македонија е чисто, не е загадено. Само им треба услови, на пример пат, телефон.“


Имајќи ги на ум овие и други проблеми во делот на инфраструктурата, со кои се соочуваат селата во Македонија, лекарите посочуваат, кога треба да се каже дали е поздраво да се живее меѓу автомобили и висококатници, или во планинска средина, но во која на пример нема изградени патишта или пак амбуланти, проблеми со коишто се соочуваат голем дел од македонските села:

„Не би правел голема разлика меѓу тоа да се живее на село, или во урбана градска средина,“

вели професор Илија Панговски, кој смета дека треба да се живее во едно еколошко милје со сите елементи кои овозможуваат квалитетен живот. Причинителите за нарушување на здравјето кај нас речиси се подеднакво присутни и во градовите и во селата. За тоа зборуваат и статистичките податоци:

„Драстична разлика нема, за одреден вид заболувања се поподложни селското население, за разлика од градското, и обратно. Инфективните заболувања, заболувањата на кожата, се поизразени кај селското население, а пак мозочните и бубрежните заболувања, многу почесто се среќаваат во градската средина.“

Сепак, доктор Панговски појаснува дека во принцип, кога станува збор за здрав живот, селото несомнено има примат врз градот. Но, под услов да се надминат многуте недостатоци на селските средини во Македонија. Имајќи ги на ум, сите аргументи против и за, скопјани се поделени во размислувањата каде повеќе би сакале да живеат. Без оглед на ефектите врз здравјето, прашањето живот во село или во град е прашање на навики, велат тие.

„Во село поарно се живее. Градот е загаден.“
„Во однос на здравјето, сигурно таму, храна, воздух се, но ако сакате подинамичен живот, тогаш во град.“
XS
SM
MD
LG