Достапни линкови

Казабланка: 14 лица поделени во пет тима одговорни за терористичкиот напад


Министерот за внатрешни работи на Мароко Мустафа Сахел соопшти дека 14 лица поделени во пет тима се одговорни за нападот во кој во петокот во Казабланка загинаа 41 лице. 13 напаѓачи загинаа додека еден е уапсен и, според првичните информации, сите се Мароканци. Се верува дека неколку Шпанци, Италијанци и Французи се меѓу убиените во синхронизираните напади на Шпанскиот Социјален Центра, Еврејскиот Центар, Белгискиот конзулат и еден хотел.
XS
SM
MD
LG