Достапни линкови

Македонија пример како разликите може да се решаваат мирно


„Македонија е пример што е особено значаен за овој дел од светот какио разликите можат да се решававаат мирно и со преговори, а не со употреба на сила,“

изјави заменик секретарот на американската одбрана Пол Волфовиц по разговорите со председателот Трајковски.

„Истовремено ова за мене беше шанса да ја изразам нашата балгодарност за подршката што Македонија ни ја дава во Ирак,“

рече Волфовиц. Тој, во Касарната „Илинден“ заедно со министерот за одбрана Бучковски го посети контингентот АРМ што на 6-ти јуни заминува во состав на меѓународната мировна мисија. Волфовиц во Скопје разговараше и за соработката во областа на одбраната, за која американската помош е фокусирана на неопходните реформи за членство во НАТО.

„Мислам дека реформите на оружените сили се суштински елемент во градењето на демократска Македонија,“

рече Волфовиц во ситуација во која токму оваа финансиска помош од Соединетите Држави е условена со барањето за склучување билатерална спогодба за изземање на американските државјани од меѓународниот кривичен суд. На ова актуелно прашање на кое Вашингтон очекува одговор најдоцна до први јули, шефот на државата без конкретен одговор но со надеж дека одговорот ќе биде во согласност со македонските инереси, но и во согласност со:

„Веќе докажаното партнерство и соработка меѓу Република Македонија и САД.“
XS
SM
MD
LG