Достапни линкови

Казабланка: 39 загинати и стотина ранети во терористички напад


Властите на Мароко соопштија дека билансот од синоќешниот терористички напад во Казабланка изнесува 39 загинати и стотина ранети. Поголемиот дел од повредените се мароканци. Засега нема други податоци за националноста на лицата кои загинаа во овој терористички напад. Според министерот за внатрешни Работи на Мароко Мустафа Сахел, при нападот загинале 10 напаѓачи самоубијци, а полицијата привела три лица осомничени за нападот меѓу кои и еден ранет самоубијец. Сите приведени се Мароканци.
XS
SM
MD
LG