Достапни линкови

Неоправдано и драстично


Непоравдано и драстично е оценката на експертите по економија за зголемувањето на цените на повеќе комунални услуги во државата до кое дојде оваа година. Според првичните анализи наплатата на струјата, телефон и парното греење споредено со минатата година во просек е повисока за 20 проценти, смета професрот Душан Вековиќ кој таквата забелешка ја илустрира преку сопствениот пример.

„Додека пред 4-5 месеци основните комунални трошоци во моето домаќинство изнесуваа некаде околу 6.000 денари, сега се над 8.000 денари“.

Еден таков тренд на зголемување на цените, според професорот Вељковиќ е недозволив ако се имаат предвид параметрите што го определуваат социјлното ниво на држвата.

„Прашање е сега како тоа можат да го поднесат семејства кои, да речеме, имаат вкупни примања во семејството од пет или шест илјади денари, а да не говориме за оние кои примаат социјална помош. Практично, ова е ситуација во која граѓаните како од сува дреновина настојуваат да ги исцедат и последните капки од нивните расположиви доходи“.

Дека растењето на цените на комунлните услуги не е пропорционално со стандардот во државата констатираат и македоснките граѓани:

„Седумдесет отсто од народот не може да ги поднесе тие трошоци“
„Јас сум невработен, а жена ми е со 300 денари дневница. Не стасува за исхрана, а не пак за комуналии“
„Сами ги биравме тие што сега ја водат државата и самите сме виновни. Ние им дозволивме да прават што сакаат“.


Професорот Вељковиќ предупредува оти доколку курсот на зголемување на цените на давачките за комуналните услуги не биде променет тогаш:

„Нема алтернативи. Да речеме, зголемувањето на цената за парно греење ќе предизвика зголемување на цените и на алтернативните извори на греење – дрвата, јагленот, нафтата итн. Со еден збор, сето тоа се ненадејни и многу остри удари кои ќе предизвикаат и економски, но и многу тешки социјални последици“.

Таквата политика на поскапувања како што заклучува професорот, на долгорочен план е кратковида доколку намерата е на таков начин да се пополни буџетот на државата.

„Бидејќи и објективно граѓаните ќе мораат да ги намалат своите трошоци за одредени комунални услуги зашто немаат извор од каде тоа да го покриваат, прашање е колку зголемувањето ќе има реципрочен одраз врз полнењето на буџетските приходи“.
XS
SM
MD
LG