Достапни линкови

Поактивна улога на Европа на Западен Балкан за зачувување на мирот


Во идниот месец во Солун лидерите на Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Босна и Албанија ќе го одржат нивниот втор заеднички самит со Европската Унија. Европа мора да преземе поактивна улога во тој регион доколку сака да го зачува мирот на Континентот и да спречи уште еден свој надворешно политички дебакл, - се наведува во денешната анализа на весникот Вол Стрит Џрнал.

На Балканот и треба повеќе Европа, а не помалку. Со овие зборови го заврши својот говор на Светскиот економски форум во минатиот септември тогашниот српски премиер Зоран Џинџиќ кој по неколку месеци беше убиен. Во минатата деценија европската надворешна политика не успеа да го спречи дезинтегрирањето на Балканот. Сега, Европејците мора да обезбедат нивната политика поактивно да придонесува за мирот и стабилноста на регионот. За жал, како што се вели во анализата, моменталната евро-политика би можела индиректно да придонесе за хроничната нестабилност на Балканот. Сега, кога за прв пат таму раководат демократски избрани влади, Европската помош ригорозно се намалува. Програмата КАРДС, примарната алатка за поддршка на развојот на Западен Балкан се намалува за 40 насто од две илјади и четврта година. Што е уште полошо Европската Унија тврдоглаво ја одбива единствената работа која може најмогу да им помогне на рефомски ориентираните балкански лидери – да го гарантираат почетокот на приемотна балканските земји во Унијата. Отсуството на таквата гаранција која Европа нема да ја чини ништо, ги остава сосема на страна балканските реформски политичари. Иако овие лидери мора да спроведуваат болни реформи според европските критериуми од Копенхаген, тие немаат многу моркови што можат да им понудат на своите граѓани. Војната во Ирак покажа дека постојат проблеми во европската таканаречена заедничка надворешна и безбедносна политика. Доколку се дозволи Балканот повторно да се дестабилизира политиката би можела да стане само шарада како што впрочем изгледа и денес, се вели во анализата на Вол Стрит Џрнал во која се поставува прашањето: Како Европа може да очекува да биде третирана за глобален играч ако не може да спроведе сериозна стратегија во своето сопствено соседство? Проблемите во тој регион нема да исчезнат во догледна иднина. Со нивното справување треба да се започне сега доколку Европа сака достојна улога на глобалната сцена, заклучува Вол Стрит Џурнал.
XS
SM
MD
LG