Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: САД предупредуваат на можност од нови терористички напади во Саудиска Арабија


Американскиот Стејт департмент предупреди дека се можни терористички напади во градот Џеда во Саудиска Арабија. Вчера Вашингтон и Лондон објавија предупредување и за можни инциденти во Кенија, откако кениското министерство за безбедност соопшти дека припадници на Ал Каеда биле забележани во соседна Сомалија. Слични предупредувања до своите граѓани упатија и Австралија и Нов Зеланд.
XS
SM
MD
LG