Достапни линкови

ММФ не дозволува обесштетување на штедачите на ТАТ


Дојде исто, како пред изборите, но овој пат со извинување да не посети. Тоа што го ветувавме, не можеме да го реализираме, вака штедачите на ТАТ ја опишуваат вчерашната средба со првиот човек на парламентот Никола Поповски. Ветувањето беше, конвертибилните сертификати да се претворат во обврзници, а штедачите да се обесштетат според законот за заробени девизи:

„Првата реченица на Никола Поповски беше дека ММФ не дозволува да се донесе еден таков закон за обештетување, бидејќи средствата требало да бидат земени од буџетот“

вели Ѓорѓи Вељанов, претседател на ИО за заштита на штедачите на ТАТ. Во моментов со конвертибилните сертификати, штедачите може да купат само капитал од фирмите што до сега не се приватизирани, и тоа само затоа што се во многу лоша состојба

„Моментално конвертибилните сертификати вредат помалку од 30%, бидејќи никој не ги купува, не се интересни и штедачите воопшто не сакаат ниту да ги разменат. Вчера конечно добивме информација дека се реализирани некаде околу 6,5 милиони евра од конвертибилните сертификати за една година. Значи, 90 отсто од вкупната парична маса на сертификатите не е упаричена,“

вели Вељанов.

Доколку не може да се изготви закон за обесштетување по примерот на старите девизни штедачи, штедачите побарале други облици преку кои ќе може да ги реализират своите конвертибилни сертификати. Владата со одговор, ќе размислиме. Доколку конвертибилните сертификати небидат претворени во обврзници, штедачите ќе бидат оштетени за околу десет милиони евра.

„Треба да се продолжи рокот на важење на тие сертификати и преку нив да може да се купи некаков имот преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, или да се купи градежно земјиште“

Конвертибилните сертификати имаат рок на важност само две години, значи до јуни 2004-тата година.
XS
SM
MD
LG