Достапни линкови

Припадниците на албанската заедница можат да добијат лични карти и на албански јазик


Припадниците на албанската заедница од денеска можат да добијат лични карти и на мајчиниот јазик, односно обрасците се двојазични - освен на македонскиот тие се и на албански јазик. Ова, велат граѓаните конечно е практична примена на рамковниот договор

„Ова е една добра новина, што значи дека Охридскиот договор се реализира и се надеваме дека и другите точки што беа договорени во Охрид, ќе поминат на ист начин“
„Ова требаше да се реализира порано, но добро е што сепак се реализира“
„Ова ќе има позитивен ефект врз вкупните политички односи во Македонија и како резултат на ова ќе јакне довербата на Албанците спрема институциите на системот“
„За нас Албанците во Рeпублика во Македонија има големо значење издавањето на личните документи на мајчиниот јазик, затоа што од осамостојувањето ние не го имавме ова право“.


Во министерството за внатрешни работи посочуваат дека станува збор за дел од процесот за целосно имплементирање на охридскиот договор:

„Граѓаните имаат право, зависно од нивната волја, доколку сакаат да пополнат вакви двојазични барања, да одбијат документи на македонски и на албански јазик. До крајот на годината МВР планира сукцесивно да продолжи со практичлно спроведување на останатите законски измени околу издавањето и на други двојазични лични документи. Ќе се примаат барања и ќе се издаваат пасоши, возачки и сообраќајни дозволи и сите документи од матичните евиденции,“

изјави Мирјана Контевска портпарол на МВР која информира оти во Скопје поднесувањето на барања и издавање на лични карти ке се врши на четири пункта и тоа во автокоманда, Кисела Вода, Центар и Бит Пазар.
XS
SM
MD
LG