Достапни линкови

Секоја акција за решавање на проблемот со исчезнатите е добра


Секоја акција што ќе помогне во решавањето на прашањето што се случи со исчезнатите луѓе за време на конфликот е добра акција, коментира за Радио Слободна Европа портпаролот на ОБСЕ Волфганг Гревен.

„Ова го говорам не само од аспект на меѓуетничките односи туку од аспект на семејствата на тие луѓе. Тие би требало да знаат што се случи со нивните најблиски,“

вели Гревен.

Ова откако е потврдена истрагата што е во тек во близина на Непроштено каде македонската полиција подпомогната од германски експерти почна нова потрага по телата на 12-те киднапирани Македонци за време на воената криза.

„Таму се два тима на германската полиоција со специјално тренирани кучиња. Има осум тима на локалните власти вклучувајќи ја и полицијата, екипа на судската медицина од Скопје.“

изјави Гревен.

Истрагата ја набљудуваат претставници на меѓународните мисии, а за неа се информирани и представници на Хашкиот Трибунал институција која е надлежна за локацијата кај Непроштено. Досега немаше ископувања туку само пребарувања и тие продолжуваат, изјави представникот на ОБСЕ. Станува збор за истрага која бара доста време и внимателност. Особено поради чувствителноста на прашањето, велат добро упатени извори, објаснувајќи го обидот на македонските власти на истрагата да не и се дава голем публицитет. Имено во македонското министерство за внатрешни се воздржани во давањето информации за тоа што се случув во непроштено. Но, потрагата по исченатите и барањето одговор за тоа што навистина им се случи и кој е одговорен, според мислењето на Меѓународнта кризна група, е неопходен услов за справување и надминување на лузните од конфликтот.

„Една од најважните работи за надмнување на конфликот е решавањето на случјот на исчезнатите. Тоа се однесува на жртвите од двете страни Ова прашање мора да биде решено и може да биде решено, ако му се посвети доволно внимание и се изврши вистински притисок,“

изјави претставникот на Меѓународната Кризна група Едвард Џозеф.
XS
SM
MD
LG