Достапни линкови

Први на удар оние што се примени на работа пред изборите


По одлуката на владата оти јавните здравствени организации во наредниот период треба да отпуштат 1,700 од вкупно 23,000 невработени во здравството министерството деновиве започна да ги разгледува критериумите според кои овој сегмент ќе се ослободи од вишокот вработени.

„Отприлика, 220 ќе се пензионираат – не предвремено, туку редовно – и околу 70% од 1.700 ќе бидат технолошки вишок. Се разбира дека тоа треба да го имаат предвид самите здравствени организации и за технолошки вишок да прогласуваат луѓе кои се скоро вработени, а не се според систематизацијата и според потребите,“

вели Никола Пановски, заменик министер за здравство. Тој потенцира оти при кратењето на бројот на вработените партиската припадност и непотизмот нема да имаат улога и единстевно ќе се инсистира да бидат отпуштени оние кои биле вработени минатата година тесно пред изборите.

„Некаде има зголемување на вработените и до 25 отсто, само за една година“.

Др. Пановски вели оти спроведувањето на обврската за намалување на бројот на вработените е тешко и чувствително по својата природа, но оти тоа е неопходно:

„Тие вработувања ги трошат средствата наменети за пациентите. Тие средства што сега одат за плати, а не се неопходни, сепак е подобро да одат за осигурениците кои платиле за да имаат здравствена услуга, да имаат лекови итн., а не да ја плаќаат платата на луѓе кои често пати не се ни од здравствената дејност“.

Во синдикатот за здравство сметаат оти за рационализација за вработените може да стане збор ако таа пред се се сфати како правилна распределба на вработените. Претседателот на синдикатот Др. Симо Силјановски најавува оти во наредниот период ќе престојат долги разговори со Фондот и со Министерството за здравство со цел намалувањето на вработените да се спроведе ефикасни.

„Е многу важно, за да не почнеме со голема конфронтација со власта, да се седне на маса и да видиме што предвидуваат, што покажуваат бројките, и тогаш ќе знаеме точно на која позиција сме“.
XS
SM
MD
LG