Достапни линкови

logo-print

Изземање на американските државјани од надлежностите на меѓународниот кривичен суд


Во министерството за надворешни работи денеска почнуваат разговори меѓу правни експерти на Соединетите држави и претставници на македонската страна во врска со американското барање за склучување билатерлален договор за изземање на американските државјани од надлежноста на меѓународниот кривичен суд. Станува збор за технички разговори, а денешниот почеток го потврдуваат и во министерството за надворешни работи

„Ќе разговараат експерти на министерството за надворешни работи и на американскиот Стејт департмент, ќе биде презентирана американската аргументација за склучување на билатерални договори врз основа на членот 98 од римскиот статут. После тоа, владата ќе расшрава о ќе заземе став по ова прашање“.

изјави Санта Аргирова портпарол на МНР.

Американскиот тим е предводен од Мариза Лино и се очекува на средбите со македонските експерти да се расчистат дилемите, по што ке треба нашата земја да донесе одлука дали ќе ги заштити американските војници од надлежноста на Меѓународниот кривичен суд. Инаку идејата на барањето на американската страна е и Македонија да се придружи на групата земји кои склучија ваков договор. Една од отежителните околности во оваа работа е тоа што нашата земја го има ратификувано законот со кој се прифаќа надлежноста на судот, па затоа доколку се одговори позитивно на американското барање ке треба да се интервенира во законот. Отежнувачка околност е и притисокот од страна на Европската Унија кон земјите кои се стремат за членство во унијата. Токму овие околности, сметаат познавачите на приликите, ја потврдуваат потребата за јавна расправа по ова прашање, што подразбира консултации меѓу надлежните органи, а и поширока расправа за да се добие резултат што ќе биде во согласност со националните интереси на државава.
XS
SM
MD
LG