Достапни линкови

Скопје: Македонија домаќин на експертски тим од Франција, Германија и Словенија


Македонија како потписник на таканаречениот Виенски Документ за градењето доверба меѓу земјите членки на ОБСЕ од денеска е домаќин на мешовит експерстки тим од Франција, Германија и Словенија . Тимот воени експерти ќе изврши инспекција на неколку области во македонија како и на воени единици и опрема што Ќе бидат предмет на инспекцијата, со што ќе бидат исполнети обврските на земјава за годинава. Согласно Виена договорот во текот на една година можат да се направат три инспекции на област и една инспекција на единица . Во Македонија веќе престојуваа експертски тимови од Велика Британија и Република Чешка како и експерти од Бугарија кои извршија инспекција на една едницица.
XS
SM
MD
LG