Достапни линкови

Атина: Парламентоарна комисија расправа за Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија


Комисијата за надворешна политика и одбрана на грчкиот парламент денеска ќе расправа за ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, која веќе подолго време се одложува поради спорот со името. Комисиската расправа, која се смета за клучна за изгласувањето на Спогодбата во грчкиот Парламент, ја најави заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Андреас Ловердос. Како владин претставник во расправата, тој за грчките медиуми најавил дека ќе даде позитивно мислење за ратификацијата. Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ досега ја ратификуваа десет земји, а не е парафирана во парламентите на Грција, Италија, Луксембург, Белгија и на Финска. Македонската влада очекува Спогодбата да биде ратификувана од сите земји до солунскиот самит на Унијата кон крајот на јуни. Се смета дека со позитивното изјаснување за Спогодбата од страна на грчкиот парламент ќе се отвори патот и за ратификација на уште шеснаесет билатерални договори, кои поради спорот со името грчките парламентарци одбиваат да ги изгласаат.
XS
SM
MD
LG