Достапни линкови

Разговори за поддршка на резолуцијата за поствоен Ирак


Посетата на американскиот државен секретар Колин Пауел на Москва доаѓа во време кога Русија покажува знаци на омекнување на нејзиното спротивстваување на американските планови за Ирак. Според очекувањата дводневните разговори ќе бидат од голема важност за добивањето поддршка за резолуцијата за поствоен Ирак што Вашингтон ја претстави во Советот за безбедност на Обединетите Нации. Шефот на руската дипломатија Игор Иванов пред посетата на Колин Пауел изјави дека двете страни имаат можност да ги зацврстат односите кои донекаде беа нарушени по спротивставувањето на Москва за американската интервенција во Ирак.

„Во врска со ирачката кириза, ние не дејствувавме еден против друг, туку ги браневме различните начини како да се дојде до решение за еден многу комплексен меѓународен проблем.“

Иванов и Пауел по нивната прва средба, предвидени се неколку рунди за време на престојот на државниот секретар, изразија надеж дека руската Дума ќе ја ратификува спогодбата за намалување на стратегиското нуклеарно оружје што претседателите на двете земји ја потпишале пред една година. Оваа спогодба веќе е ратификувана од американскиот сенат. Пауел исто така изрази надеж дека Владимир Путин и Џорџ Буш да ги разменат веруфикуваните спогодби на претстојната нивна средба кон крајот на месецов во Санкт Петерсбург во рамките на одбележувањето на триста годишнината на градот.
XS
SM
MD
LG