Достапни линкови

logo-print

Состојбата многу лоша, голема причина економската стагнација


Состојбата со човековите права во земјава е многу лоша, оценува Мирјана Најческа претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Притоа таа ги посочува причините за ова

„Прво и основно затоа што не е остварена минималната егзистенцијална основа за опстанок на луѓето и автоматски е многу тешко да се зборува за практикување и за заштита на останатите на човековите права и слободи, кога човекот е оставен на милост и немилост и кога не може на некаков начин да обезбеди средства ни за оснонво свое преживување и преживување на своето семејство. Ние можеме да дадеме оценка дека постои еден ретрограден процес и во областна на социјалата и во областа на образованието и заштитата на работните права.“

Меѓутоа таа смета дека неоставрувањето на овие права се рефлектира врз другите човекови како слобода на мисла, изразување и други. Токму ова е причина за големиот број на претставки до народниот правобраниител од кои најголемиот дел се однесуваат на непочитување на правата од областа на урбанизмот и градежништвото, потоа следи правосудството, работните односи и друго. Во овој контекст Најческа вели оти институцијата народен правобранител е моќна со оглед на ингеренциите што ги поседува:

„Меѓутоа, има многу голем јаз меѓу она што е теорија и она што претставува наша реалност и пракса. Во моментов народниот правобранител ни оддалеку не ги остварува овие свои прерогативи, не ги искористува можностите коишто ги дава законот и се поставува во многу потчинета улога во однос на власта.“

За подобрување на оваа состојба Најческа со предлог

„Проблемот треба да стане еден од приоритетните и да се премине од она што претставува само декларативно споменување на човековите права, во нивно практично остварување. Во тоа голема улога има економијата, а ние сме сведоци дека цело време сме во фаза на рестрикции и економијата не оди напред.“
XS
SM
MD
LG