Достапни линкови

НАТО фокусиран на подготовките на Македонија за влез во евро-атлантските структури


Со доаќањето на европската Конкордија присуството на НАТО и ангажманот во Македонија се фокусирани на подготовките на земјава за влез во евро-атланските структури.

„Мисијата на НАТО во Македонија воопшто не е завршена. Главната мисија сега е да советува и да помогне во рестуктуирањето на македонските вооружени сили,“

изјави неодамна НАТО амбасадорот во македонија Николас Бигман.

Дипломатите на НАТО велат, оваа задача не подразбира само мониторинг и своевиден диктат на стандардите туку парнерски однос со политички и воени аспекти. Политичките аспекти се однесуваат на неопходните демократски прионципи кои се бараат од земјите кандидати како што се инивидуалните слободи, владеењето н правото, меѓуетничка хармонија, искоренувањето на криминалот и корупцијата. Воените аспекти пак се движат од потребата за цивилна контрола врз армијата, нејзиното прилагодување на стандардите на Алијансата, што значи напуштање на концептот отанат од некогашната ЈНА за скапи, многубројни и тешко вооружени единици , проценки на можни закани за земјава, стратегија за соочување со нив и планирање за употреба на досапните фондови на НАТО. Специјалниот советодавен тим што го предводи генерал Бакстер веќе ја започна својата работа во македонското министерство за одбрана. Првенствебно за ова но и воопшто за текот на реформите и актуелната безбедносна состојба со командантот на силите на НАТО за Јужна Европа адмирал Грегори Џонсон ќе разговара министерот за одбрана Владо Бучковски. Истовремено во Брисел началникот на генералштабот на Армијата на Македонија генерал потполковник Методи Стамболиски учествува на состанокот на евроатланскиот партнерски воен комитет на земјите членки на НАТО и партнерството за мир. На состанокот се разговара за состојбата на Балканот, за мисиите што НАТО ги спроведува во Овој регион, и за спроведувањто на воените аспекти на партнерскиот акциоонен план во борбата против тероризмот.
XS
SM
MD
LG