Достапни линкови

logo-print

Пристигнува менаџментот на Канадски Пошти, од утре разговори


Менаџментот на Канадски Пошти во Макеоднија ќе пристигне во попладневните часови, додека преговорите кој треба да ги остранат пречките што досега не дозволува имплементирање на поптишаниот договор за Македоснки Пошти, ќе запо6нат во текот на утрешниот ден. И покрај инсистирањето од Канадски Пошти догворената средба да се одржи по претходно договорената агенда тоа не се случи. Од министерството за транспорт и врски упорно одбивааат да ги посочат лицата и темите за кој ќе се преговара. Од таа причина канадскииот тим кој ќе пристигне ќе биде на многу пониско ниво од предвиденото, што значи преговорите ќе се водат без првиот човек на компанијата Жил Хибер.

Во меѓувреме менаџментот на канадски пошти го повлече својот финансиски експерт лоциран во Македонија. Тој неможе да ја извршува својата функција бидејки имплементацијата на договорот потпишан меѓу македоснки и канадски пошти се опструира од македонска страна е ставот на Канаѓаните. Неговата функција ќе биде активирана откако договорот ќе профункционира. За ваквата одлука се информирани ресорниот министер Миљаим Ајдини и првиот човек на македонски пошти Таип Јакупи.

Според познавачите на ситуацијата играта на првите луѓе на овие две институции е јасна. Доколку се имплементира договорот, тоа ќе значи дека во оваа компанија нема да може да се применува рамковниот договор што значи вработување на националностите по клучот од 20%.
Доколку и овие преговори пропаднат односно и по трет пат не се создадат услоиви за имплементирање на договорот тоа автоматски ќе значи и повлекување на Канадски Пошти и поведување на постапка за обештетување, на име директни трошоци и загубена добвика чија висина во моментот Канаѓаните не сакаат да ја прецизираат, а истата би се движела во милиониски суми на долари, кој државата Макеоднија ќе мора да ги плати.

Менаџментот на Канадски Пошти по повик на македонската влада веќе двапати пристигнува во Македонија, за потоа да не биде примен ниту од ресорниот министер Миљаим Ајдини, ниту од неговите чиновници.

Договорот меѓу Македонските и Канадски Пошти е потпишан во јуни 2002 година, но и по овој период договорот не почна да се имплементира затоа што македонската страна дополнително пресметала дека во договорот има нешто штетно иако досега и покрај инсистирањето од Канаѓаните не им е пренесено за што се работи и каде се евентуалните проблеми.

Според договорот предвидено е Македоснки Пошти да продолжи да работи по принципот на заедничко вложување, што би значело во наредните 20 години Канаѓаните да инвестираат 55 милиони долари. Влогот на македоснката страна ќе биде пресметан во целокупниот имот што го поседуваат Македонски Пошти.
XS
SM
MD
LG