Достапни линкови

Подобрувањето на безбедноста не значи и враќање на довербата


Безбедносната ситуација во Македонија е подобрена, но подобрување на безбедноста не знач и враќање на довребата. Тоа е сосема јасно коментира представникот на Меѓународната кризна група Едвард Џозеф. Според него тоа што се случи во вејце со блокадата на патот и забраната на семејствата на жртвите да го посетат местото на нивнотот загинување е недопустливо но токму конторверзите што приозлегуваат од комеморациите говорат дека мораме да се справиме со минатото.

„Според мене затворањето на конфликтот е во гоелам мера поврзано со случајот на исчезнатите,“

смета Џозеф

„Ова прашање мора да бие решено и може да биде решено ако има доволно внимание и ако се примени вистински притисок. Јас мислам дека тоа долгорочно ќе помогне конфликтот да се остави во минатото. Па така комеморациите за македонските и албанските жртви веќе нема да бидат извор на контроверзи и недоразбирања,“

вели претставникот на меѓународната кризна група. Во таа смисла говори и социлог Мирјана Малевска според која виновниците на конфликтот треба да бидат изведени пред судот не само на јавноста туку и на правдата

„да се персонализира вината и да не биде за овој или оној злостор виновен цел еден народ, туку токму оние кои навистина придонеле или учествувале директно во такви злостори“.

Малевска вели не треба да ги судиме меѓуетничките односи само врз основа на негативни примери

„Има еден тренд сега дека ова е нашата судбина сега, Македонија како заедничка држава, и дека треба нешто да се правио да живееме подобро, да ги решаваме проблемите на еден начин којшто во политиката е нормален а тоа е во институциите на власта, а не надвор од нив. Постои еден таков позитивен тренд и јас го забележувам“.

Според професор Ферид Мухиќ се позачестената злоупотреба на комеморациите е еден показателите на губењето критерими, но не и показател на нешто Што би требао да го доведе во прашање односот на заемната доверба. Во таа смисла она што се случи во Вејце безоглед на тоа дали е резултат на недорабирање или манипулација нема оправдување

„за мене останува фактот на нивната делумна изманипулираност, но тие не се наивни, не се деца и не би требало никогаш во иднина да се случи нешто слично, нешто што навистина не може да наиде на разбирање или на оправдување дури и од најдобриот интерпретатор или аналитичар на оваа ситуација“
XS
SM
MD
LG