Достапни линкови

Чеченија: Најмалку 30 руски војници загинаа при удар на камион полн со експлозив во владина зграда


Најмалку 30 руски војници загинале кога камион полн со експлозив удрил во владина зграда на силите за безбедност во Знаменскоја во Чеченија. Според Итар Тасс, во инцидентот 60 лица биле повредени. Експлозијата направила кратер широк 16 а длабок два метра. Во Знаменскоја инаку е смесетен камп за бегалци и е центар на меѓународните организации за човекови права. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека инцидентот не треба да ги поткопа напорите на Кремљ за мир во Чеченија.
XS
SM
MD
LG