Достапни линкови

logo-print

Убиени двајца Палестинци во обид да постават бомба


На Блискиот исток продолжуваат дипломатските напори за мировниот план меѓу Израел и Палестинците. Денеска во Рафах нов инцидент во кој загинаа двајца Палестинци.

Израелските војници убиле тројца Палестинци кои планирале да постават бомба во близана на трупите кај Рафах, јавија агенциите. Овој инцидент доаѓа за вреем на дипломатските напори на американскиот државен секретар Колин Пауел во врска со таканаречениот Роад Мап – мировен план на Квартетот составен од Соединетите држави, Европската Унија, Русија и Обединетите Нации. Колин Пауел упати апел до двете страни да направат чекори во правец на мирот на Блискиот Исток. Тој по состанокот со израелскиот премиер Ариел Шарон изјави.

Прогресот ќе зависи од конкретните мерки на Израел за подршка на напорите на палестинците за реформи. Премиерот Шарон и јас разговаравме за многубројни специфични акции што Израел треба да ги преземе за веднаш да се подобри ситуацијата на Западниот брег и во Газа цо цел да се подобрат условите за мировниот процес.

Израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека нема да има компромис кога станува збор за безбедноста на Израел. Неговиот кабинет денеска соопшти дека нема да ги замрзне активностите во еврејските доселенички населби на палестинската територија, бидејки таму веќе живее трета генерации израелци. Американскиот државен секретар Колин Пауел од друга страна упати апел и до палестинското раководство да ја распушти, како што ја нарече, терористичката инфрастуктура, која стоји зад нападите врз Израел. Палестинскиот премиер Махмуд Абаз пак рече дека е подготвен на работи врз мировниот план на Соединетите држави, Европската Унија, Русија и Обединетите Нации Во регионот се и преставниците на Унијата, Русија и Светската Организација со кои денеска во Тел Авив се состана американскиот државен секретар Колин Пауел. По брифингот со нив Колин Пауел отпатува за Египет од каде што ја продолжува турнеата во Саудиска Арабија и Јордан.
XS
SM
MD
LG