Достапни линкови

Трките од формула еден под знак прашалник


Трките Формула еден се игра на високи брзини, на гламур. Меѓутоа во позадината на овој спорт, како што е познато, лежат тешки бизнис калкулации. Големите компании даваат милиони долари за нивните имиња да се најдат на тркачките автомобили, а меѓу нив предничат тутунските компании. Меѓутоа престојната забрана за рекламирање на цигарите во Европската Унија го доведува во прашање организирањето на овие манифестации во Европа.

Повеќе од 80 години во белгиските ридови се одржуваше големата Спа франкочемпс – белгиската Гран при една од серијата трки на популарната Формула 1. Годинава таму е тивко, бидејќи белгиската влада го забрани рекламирањето на цигарите. Имено, тутунските коорпорации се најголеми спонзори на трките Формула 1, а ФИА, Меѓународната автомобилска федерација не се согласи со одлуката на Белгиската влада. Туристичкиот регион каде што се одржуваше трката претрпе огромни загуби, вели преставникот на локалната влада Жан Жак Блумер.

„Тоа е многу тешко за регионот, загубата на гран при формула еден. Тоа е многу важно за регионот бидејки значи милиони евра за хотелиерите и за сите бизниси во регионот.“

Белгиската одлука и претходи на забраната на Европската Комисија за забрана на реклами на цигари во земјите членки на Унијата во 2005 година. Тоа ја принудува Автомобилската федерација да бара нови подрачја за организирање трки, така што веќе се водени разговори во Русија, и во Азија. Тутунските коорпорации се многу значајни за овие трки. На пример Малборо го спонзорира Ферари со 80 милиони евра. Портпаролот на Европската Комисија Торстен Мајнч ја изрази загриженоста на Брисел.

„Toa e атрактивен спорт за многу млади луѓе и ние не веруваме дека тутунските компании ќе трошат толку пари за реклама доколку не мислат дека ке ги привлечат младите луѓе да почнат да пушат.“

Европската Комисија забраната за рекламирање на цигари планираше да ја започне во 2006 година,

Меѓутоа по реакциите на една земја ја смени одлуката за една година порано односно за 2005 година. Автомобилската федерација реши да покрене постапка пред Европскиот суд за правда во Луксембург поради промената на датумот. Федерацијата претходно инаку се согласи забраната да важи во Европа од 2006 година и дури се заложи таа да се прошири насекаде во светот за да има исти правила на игра и да не мора да бара преместување на трките. Меѓутоа, во Брисел одговорија дека ниедна земја членка на Европската Унија немала забелешки на новиот предлог.
XS
SM
MD
LG