Достапни линкови

logo-print

Подгорица: Денеска претседателски избори


Во Црна Гора денеска се одржуваат претседателски избори. Станува збор за трет обид да се избере претседател на Црна Гора по двата претходни, во декември лани и во февруари годинава, кои беа неуспешни поради недоволниот одѕив на избирачите. Според последните анкети, фаворит е кандидатот на владејчката коалиција Филип Вујановиќ. Другите двајца се: Миодраг Живковиќ од Либералниот сојуз и независниот кандидат Драган Хајдуковиќ.
XS
SM
MD
LG