Достапни линкови

Њујорк: САД ја презентираа новата резолуција за Ирак пред ОН


Соединетите Држави и официјално на Советот за безбедност на Обединетите Нации му ја презентираа нацрт резолуцијата за иднината на пост воен Ирак. Со неа, освен ембаргото за оружје, би требало да бидат укинати дванаесет годишните санкции против Ирак. Во американската резолуција се предвидува Соединетите Држави и Британија да создадат ново тело кое би требало да решава како ќе бидат трошени парите добиени од продажбата на ирачката нафта. Притоа, Обединетите Нации ќе имаат само советничка и координативна улога. Франција, Русија и Германија во првите реакции оценија дека предвидената ограничена улога на Обединетите Нации покренува многу прашања.
XS
SM
MD
LG