Достапни линкови

Обвинувања за власта за селективната борба против криминалот


Во земјава притворот од мерка е претворен во брутална казна која ја издржуваат луге чија вина се уште не е докажана. Целосно се отфрла правниот принцип презумпција на невиност, се вели во Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ против политичката тортура, валдината инструментализација и диктатите врз судството

„Актуелната власт настојува да ја компромитира и деградира опозицијата. Неоспорен е фактот дека овие активности се политички мотивирани, непродуктивни, а нивната крајна цел е целосно маргинализирање на најмоќната опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ,“

истакна Валентина Божиновска обраќајќи им се присутните грагани на протестот одржан по повод четиримесечниот притвор на генералниот секретар на партијата Војо Михајловски, а со апел до суските органи за фер судење на поранешните функционери од оваа партија. Во тој контекст Божиновска посочи оти борбата против криминалот и корупцијата треба да им се препушти на надлежните органи и да се води неселективно:

„ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува секоја искрена битка против сите општествени девијации и зла, но изразуваме голема загреиженост поради појавите што во оваа политички инспирирана хајка, извршната власт од тесно партиски побуди ги инструментализира органите за прогон и истрага. Борбата против криминалот и корупцијата треба да се води системски и темелно.“
XS
SM
MD
LG