Достапни линкови

Владеачката коалиција не е загрозена


Владеачката коалиција не е загрозена, но ќе треба да се потсетиме на принципите за соработка договорени на почетокот. Ова сознание преовалдува меѓу партнерите во власта по вчерашната седница на собранието. Повлекувањето на предложениот амнадман на СДСМ за измени во Законот за помилување и одземање на правото на председателот да помилува не ја доби подршката на коалициските партнери од ЛДП и ДУИ . Причината според представникот на Либерал Демократите Андреј Жерновски е потребата од консултации

„Во интерес на државата е коалиционите партнери да имаат заеднички став и затоа ние побаравме од предлагачот да го повлече предлогот и да изградиме заеднички став“.

Но Игор Ивановски од СДСМ потсетува

„Во моментот на започнувањето на иницијативата Социјалдемократскиот сојуз имаше обезбедено поддршка од страна на коалиционите партнери“.

Зошто либералдемократите се предомислија останува да се види, додава Ивановски. Во ДУИ пак во случајов инсистираат на принципелност, но и потсетуваат дека по охридскиот договор некои стари модели на функционирање и однесување кон албанскиот парнер во коалицијата се веќе неприфатливи. Што побрзо се свати ова тоа подобро

„Ние работиме по нови принципи и претставниците од албанскиот блок не треба да бидат третирани како што беше случај со поранешните партии“

рече Агрон Буџаку од Демократската Унија за интеграција во услови кога нивниот сопартиец Џеладин Шатку не ја извршува функцијата заменик министер за економија. Кога ја формиравме коалицијата се договоривме дека министрите и замениците министри ќе соработуваат на рамноправна и партнерска основа. Во министерството за економија тоа не е случај

„За жал, тоа не се случи со Министерството за економија и со министерот и господинот Шатку како принципиелен човек не можеше да ја поднесе таа улога која му ја доделија во министерството“.

Сепак простор за подобрување има, вели Буџаку, ова се мали прблеми

Слично оценуваат и во СДСМ

„Ќе се обидеме вчерашната седница на парламентот да ни овозможи зацврстување на коалиционите механизми за договарање, оние коишто беа договорени на самиот почеток“.
XS
SM
MD
LG