Достапни линкови

Борбата против корупцијата успешна само кривичните пријави добијат судски епилог


За успех во борбата против корупција може да се говори доколку за поднесените кривични пријави има и судски епилог, изјави професорот по казнено право Никола Тупанчески. За досега поднесените четириесеттина кривични пријави против поранешни функционери на кои им се пролонгира мерката притвор, а од кои само три резултиаа со обвинителен акт професорот со став:

„За власта би било контрапродуктивно доколку во секој случај го користи притворот како процесно дејствие максимално. Ќе биде добро и ќе биде потврда од власта дека решила сериозно да се бори против организираниот криминал и корупцијата, доколку тие четириесетина кривични пријави добијат судски епилог. Поднесувањето на кривични пријави и притворањето на лицата уште не значи дека делото е сторено. Постои презумпцијата на невиност и евентуално, можност за злоупотреба на мерката притвор“

Тупанчески вели дека делата за кои се обвинетити повеке поранешни носители на функции лесно се докажуваат:

„Доколку постојат чисти ситуации, мислам дека злоупотребата на службена должност и овластување не е кривично дело коешто тешко се докажува. Напротив, се работи за материјални докази од кои што може да се утврди дали лицето е виновно или или не“.

Јово Вангеловски правен застапник на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Војо Михајловски вели дека во овој случај станува збор за политички ревашизам, бидејки министерството за внатрешни работи до јавното обвинителство доказите ги доставувало постепено, што пак ја пролонгира постапката:

„Политичкиот реваншизам се покажа во работењето на органите на Министерството за внатрешни работи. Од страна на Јавното обвинителство и на судовите не може да стане збор за вмешаност на политиката во постапувањето, бидејќи овие органи крајно професионално си ја вршат работата“.

Доколку МВР професионално ја вршеше работата досега ќе се знаеше дали ќе има обвинителен акт

„Веќе ќе бевме начисто дали ќе се покрене обвинителен акт или нема да се покрене, бидејќи вака гледано откако излегоа доказите во истражната постапка, откако беа сослушани сите сведоци, се сомневам дека може да се формулира едно издржано обвинение“.
XS
SM
MD
LG