Достапни линкови

logo-print

Колин Пауел ја враќа контролата


Американското министерство за одбрана под Доналд Рамсфелд, како што сметаат критичарите на администрацијата на Џорџ Буш, презема премногу од функциите што нормално се резервирани за Стејт Департментот. Најновото именување долгорочен американски цивилен администратор за Ирак за експертите е знак дека државниот секретар Колин Пауел се обидува да го врати своето влијание.

Пол Бремер кој им беше помошник на шестмина државни секретари во изминативе 23 години ќе биде над Џеј Гарнер - pензионираниот американски генерал кој е задолжен за цивилната админстрација во Ирак по паѓањето на Садам Хусеин. Повеќето критичари на претседателот Буш велат дека министерството за одбрана става голем воен печат во американската администрација. Тие додаваат дека Гарнер кој беше армиски офицер го потврдува тоа. Некои сметаат дека наименувањето на Бремер, кој има исклучиво цивилна кариера, треба да ги намали тие критики. Други пак, наведуваат дека неговото номинирање е доказ оти државниот секретар Колин Пауел успешно повторно го потврди неговото право да раководи со американската надворешна политика и тоа токму во времето кога министерот Доналд Рамсфелд се чинеше дека ќе ја преземе. Тед Карпентер е аналитичар за надворешни работи во приватниот истражувачки КАТО Институт во Вашингтон. Тој вели дека наименувањето на Бремер покажува оти Пауел е можеби најеластичниот претстваник во администрацијата на Буш. Претходно, како што наведува Карпентер, секретарот Рамсфелд и потпретседателот Чејни беа повлијателни кај претседателот например во врска со израелско палестинскиот конфликт, севернокорејската нуклерана криза и американските односи со Обединетите Нации околу Ирак. Вообичаено за овие прашања е задолжен државниот секретар.

„Ова е типичено за Пауел. Тој никогаш не се предава. Дури и ако изгледа дека е победен, тој секогаш се враќа, манврира и се обидува да ја врати позицијата. Пауел, порано или подоцна завршува со значајна влијателна позиција за секое прашање.“

Вели Карпентер во врска со наименувањето на Бремер за долгорочен администратор на Ирак. Леон Фуерт кој беше советник за национална безбедност на поранешниот потпретседател Ал Гор наведува дека овој потег не е само дел од напорите да се демантираат наводите оти американската надворешна политика премногу е раководена од воени претставници.

„Тие одбраа човек кој може да ја изврши работата. Значи тоа не, строго кажано работа на јавните односи. Мислам дека тоа би можело да биде важна афирмација на принципот на цивилна контрола во политичките работи.“
XS
SM
MD
LG