Достапни линкови

ЕУ и помага на Македонија, а не на владата


Македонија веќе подолго време добива експертска помош и тоа најчесто од програмата ФАРЕ, а сега КАРДС, но и на билатерално ниво од земји членки на Европската унија, вели вицепремиерката Радмила Шекеринска задолжена за евроинтеграции. Таа посочува дека се работи за помош која се добива највеќе во делот на внатрешен пазар, економија, стандардизација и друго.

„Се работи за експертска помош којашто е лоцирана во неколку области, особено во оние коишто според спогодбата за стабилизација и асоцијација се сметаат за приоритетни и особено во делот на приближувањето на законодавството. Македонија во делот на приближувањето на законодавството веќе има формирано работни групи коишто работат во повеќе области, меѓутоа, се работи за област којашто е нова и за нашите домашни експерти и заради тоа во најчувствителните области особено сме заинтересирани да користиме експертска помош од земјите членки на Европската Унија“.

изјави вицепремиерката која пак во контекст на пласираните информации оти експертската помош од Европската комисија се дава поради незадоволство од работата на владата посочува

„Тоа не е изум на Европската комисија што е направен за Македонија, туку е практика којашто е присутна во целиот процес на проширување. Апсолутно е неприфатливо денеска да се зборува дека дел од овие експерти денеска се специјално увезени за да и помогнат на владата. Овие експерти се долго време присутни и ќе бидат присутни во Македонија, меѓутоа, не да и помагаат на една или на друга влада, туку да и помогнат да државата да ја заврши својата тешка домашна задача“.

Дека станува збор за вообичаена пракса вовена во процесот на проширување на Европската унија се согласуваат и претставниците на Европската комисија во земјава

„Европската комисија сака да им помогне на земјите коишто се стремат кон европските интеграции и обезбедува помош за јакнење на институциите, поддршка на политиките, меѓутоа, тоа не е со цел да ја научи владата како да работи туку да ги подржи тековните напори на владата. Македонија е е првиот случај, а ставот на Европската комисија во врска со спроведувањето на реформите во земјата, согласно со приоритетите од спогодбата за стабилизација и асоцијација, јасно е презентиран секоја година во нејзините извештаи за процесот на стабилизација и асоцијација“.

вели Наташа Дучевска од Европската комисија

Шекеринска оценува дека приближувањето до стансардите на Европската унија е сложен процес

„И во тој процес, дури и земји коишто веќе се членки на Европската Унија имаат многу проблеми. Нормално, странските експерти не се секогаш најдобрите што можеме да ги добиеме и не секогаш искуството што го имаме е стопроцентно успешно“.
XS
SM
MD
LG