Достапни линкови

Синдикатот на ЕСМ сеуште молчи


Во синдикатот на ЕСМ сеуште молк. Шокирани се од веста или им е страв гласно да размислуваат е констатацијата која се наментува по веќе еднондеделните најави од менаџментот на ЕСМ дека од оваа компанија во наредните шест месеци ќе бидат отпуштени 1100 вработени. Синдикатот на компанијата сеуште без став, што од вкупниот број на вработени 1/9 ќе бидат отпуштени.

„Ајде да оставиме за друг ден. Се уште собираме податоци, секоја организација треба да достави мислење во врска со овие 1.100 што се вишок“

Вели председателот на синдиактот на ЕСМ Рафко Мишковски. Својот став по ова прашање синдикатот на ЕСМ ќе го заземе дури по 14 мај. Официјалниот став на ЕСМ е дека поради исклучително лошата финансиска ситуација во која се наоѓа компанијата, менаџментот се одлучил на влечење на овој радикален потег. 200 те милиони евра ненаплатени побарувања се преголем товар, но и кочница да се издржуваат и плус илјада и кусур вишок на вработени.

„Во првата фаза ќе отпуштиме 1.100 вработени. Изнудена мерка, бидејќи само во периодот од 1999 до 2002 година во компанијата беа направени 2.127 непродуктивни вработувања што денес претставува огромен товар на претпријатието коешто сега брои точно 9.431 вработен“.

Вели портпаролот на ЕСМ Сашо Новевски. Критериумите за отпуштање се веќе прецизирани, а и начинот на обесштетување.

„Ќе се изврши бодување на сите вработени во компанијата, но главен елемент притоа ќе биде стручноста и особено стажот на работниците. Така, на прекубројните кои имаат до три години работно искуство ќе им биде одреден еднократен надомест од едномесечна заработувачка“.

Според пресметките на ЕСМ оптималниот број на вработени со кој може да работи компанијата изенсува околу седум и пол илјади вработени.
XS
SM
MD
LG