Достапни линкови

Брисел: Координирана акција на ЕУ за спречување на ширењето на САРС


Министрите за здравство на земјите членки на Европската Унија се согласија за координирани акции за спречување на ширењето на атипичната пневмонија САРС. На состанокот одржан вчера во Брисел е договорено вложување на дополнителни 23 милиони долари за истражување и пронаоѓање вакцина против оваа фатална заразна болест. Во Европа се регистриранби 33 можни случаи на САРС, додека трагичниот биланс во светот веќе се искачи на речиси 500 починати и повеќе од седум илјади заразени луѓе.
XS
SM
MD
LG