Достапни линкови

Букурешт: Средба на министрите за внатрешни работи на Македонија и Романија


Македонија и Романија наскоро ќе потпишат договор за соработка во борбата против организираниот криминал како и договор за реадмисија на лица. На средбата на македонскиот министер за внатрешни работи Хари Костов со неговиот романски колега Јоан Рус во Букурешт е договорена размена на офицери за врски од двете министерства кои би работеле на проблематиката со организираниот криминал, особено недозволената трговија со луѓе. Најавено е дека романскотот министерство за внатрешни работи ќе испрати во Македонија и екипа полицајци кои ќе помагаат во истрагите каде се вклучени романски граѓани. Имено многу од жртвите на недозволената трговија со луѓе во македонија се млади Романки.
XS
SM
MD
LG