Достапни линкови

Економските фактори и социјалните проблеми


Економската криза и социјалните проблеми се витинскиот фактор што може да ја загрози стабилноста на земјава. Оваа оценка се почесто доаѓа како предупредување од опозицијата во албанскиот блок. Представниците на ДПА, прогласувајќи мораториум на активностите на партијата покрај оценката за неуспешното спроведување на рамковниот договор како причина за дестабилизација на земјата ја наведуваат социјалната беда која му се заканува на населението. Паралено со спроведувањето на рамковниот договор државата мора да посвети големо внимание на економската состојба на граѓаните кои рапидно осиромашуваат вели Мерсал Биљали од ПДП:

„Мислам дека премногу папагалски се врти само рамковниот договор. Мора да бидеме свесни дека на листата на приоритетите мора да се внимава и на економскиот и социјалниот сектор. Ние мораме дека граѓаните на Република Македонија рапидно осиромашуваат“.

Во таа смисла и оценката на амбасадорот на НАТО Николас Бигман:

„Не се сите важни работи за Македонија содржани во рамковниот договор. Надвор од него ја имате економската ситуација. Јас не сум економист, но она што го слушам од луѓето, она што нив ги интересира е да имаат работа, да имаатлеб дома. А тоа не е нешто што е дел од рамковниот договор. Тоа е она на што работи оваа влада и ќе мора да продолжи да работи мошне интензивно во овие три-четири години“.

Засега е добро, ситуацијата е стабина но економската состојба е тешка изјави представник на локалната самоуправа во Липково Абедин Зибери

„Ситуацијата е потполно мирна и безбедна. Има уште некои недостатоци. Вработувањето споро оди и многу е тешка овде економската криза. Побарани се проекти за некои училишта, но се уште нема никакво движење во таа насока“
XS
SM
MD
LG