Достапни линкови

Што носат предложените измени на законот за помилување?


Ако се прифати предлогот на СДСМ да се укине членот од Законот за помилување што му дава право на претседателот да помилува лица по исклучок, во тој случај министерството за правда е надлежно да покрене ваква постапка, изјави професорот Методија Каневчев

„Во случајот со кривичното гонење, односно во случајот со аболицијата, кога ќе се укине членот 11, таа постапка ќе мора да оди единствено преку Mинистерството за правда, бидејќи ослободувањето од гонење секогаш се поведува по службена должност. Штом ќе ја нема одредбата од член 11 што на претседателот му даваше право да дава помилување и без спроведување на процедура, сега таква можност нема да постои без да се поведе постапка. Таа постапка по службена должност ја поведува Mинистерството за правда и тоа практично му дава предлог на претседателот, што, се разбира претседателот не го обврзува – тој може да го прифати или не тој предлог“.

Меѓутоа во таа процедура во случај на аболиција секогаш е вклучено министерството за правда, додека постапката е друга за лица осудени на казна:

„Тоа оди или по молба на осудено лице кога молбата се поднесува преку судот, до Mинистерството за правда па оттаму до претседателот, или пак по слуѓбена должност од страна на министерството за правда“.

Каневче вели дека постапката за помилување е итна:

„Тоа значи дека не би требало да има некои поголеми проблеми. Да речеме, ако претседателот смета дека некој треба да се помилува, се разбира дека тој може да соработува со Министерството за правда. Меѓутоа, формално-правно, процедурата ќе мора да потекне од Министерството за правда, тоест тоа да му даде предлог на претседателот и претседателот да го прифати или да не го прифати тој предлог за аболиција“.
XS
SM
MD
LG