Достапни линкови

Џорџ Буш ја почнува претседателската кампања


Американскиот претседател Џорџ Буш со воен авион слета на носачот на авиони Абрахам Линколн за да соопшти дека главните воени опрации во Ирак завршија. Се прашуваме како се чувствувал пилотот при вообичано опасното слетување на носач на авиони кога во леталото бил и претседателот, се вели во анализата на Стратфор.

Сликите на Буш во униформа и заштитен шлем имаат јасна намера да го проектираат неговиот имиџ не само како на главен командант, туку и на некој кој длабоко се идентификува со американската воена моќ. За оваа слика има две публики. Стратфор прецизира - Првата е на Блискиот Исток, а втората се американските гласачи кои, според претседателовото гледање, се многу поважни. Со завршена војна – започнува кампањата за негов реизбор. Впрочем, слетувањето и говорот на носачот на авиони, по се изгледа, би требало да биде почетокот на таа кампања. Американската надворешна политика отсекогаш била дел и на внатрешната, но се чини дека нејзината улога станува се поголема. Како и да е, има еден проблем за претседателот, смета Стратфор додавајќи дека тоа е што тој не може и официјално да декларира крај на војната во Ирак. Американските и британските трупи таму се уште се убивани. Она што декларира Буш е тоа дека главните операции завршија. Тоа го става Ирак во иста класа со Авганистан. Првичната стратегиска цел е постигната, но во таа земја нема мир па затоа е нејасен и курсот на идните опреации во Ирак. Соединетите Држави праисконски страхуваат, уште од војната во Виетнам, од бесконечен конфликт. Објавата на Буш дека главните операции во Ирак завршија е доведена под прашалник. Американската публика сака големи операции – таа расте од нив, вели Стратфор, наведувајќи дека американците мразат конфликти со мал интензитет кои траат со години. Проблемот со говорот на Буш е во тоа што тој, во наредниве неколку месеци, може да му се врати како бумеранг. Имено, ако и тогаш се уште има дневни напади врз американските војници говорот ќе биде употребен против него. Значи, проблемот на претседателот не е воен, туку политички. Буш очигледно сака да излезе надвор од сенката на војната. Примерот со судбината на неговиот татако е секогаш пред него. Тој не сака војната да има високо место во неговото претседателствување. Секако дека конфликтот ќе стивне, но главното прашање сега е дали тој ќе стивне на политички прифатливо ниво, заклучува Стратфор.
XS
SM
MD
LG