Достапни линкови

Главните борбени операции во Ирак завршени


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека главната воена операција во Ирак заврши и оти Соединетите Држави и нивните сојузници победија.

„Главната борбена операција во Ирак заврши. Во оваа битка за Ирак, Соединетите Држави и нашите сојузници победија.“

Претседателот Џорџ Буш ова го изјави пред стотици американски маринци на носачот на авиони Абрахам Линколн. Овој носач на авиони, кој по десетмесечната мисија во Заливот се врати на брегот на Калифорнија, одигра исклучително важна улога во текот на воздушните напади врз Ирак. Буш, прецизирајќи дека Ирак е само една победа во војната против тероризмот, рече дека Соединетите Држави ќе му се спротивстават на секој режим кој имал врски со терористите или има намера да набави оружје за масовно уништување. Според него, воениот успех во Ирак ќе придонесе за натамошен успех во антитерористичката борба.

„Денес имаме поголема моќ да ослободуваме некоја земја од опасен и агресивен режим. Со новите тактики и со прецизното оружје ние можеме да ги постигнеме воените цели без притоа жртви да бидат цивилите.“

Изјави американскиот претседател кој додаде дека и покрај победата, во Ирак останува уште многу да се направи како што е потрагата скриеното хемиско и биолошко оружје.

„Имаме уште тешка работа во Ирак. Воспоставувањето поредок во некои делови на таа земја се уште е опасно. Ние продолжуваме да ги бараме лидерите на стариот режим кои треба да одговораат за нивните криминални дела. Започнавме и потрага по хемиското и биолошко оружје и веќе имаме сознанија за стотици места кои треба да бидат истражени.“

рече Буш, наведувајќи дека сојузничките сили ќе останат во Ирак се додека не бидат постигнати тие задачи, како и демократијата во таа земја. Елиминиравме еден од сојузниците на Ал Каида, но таа не е уништена и терористичките групи ја продолжуваат работата во многу земји и благодарение на нашата тајна служба знаеме дека подготвуваат заговори против слободните земји, изјави американскиот претседател, додавајќи дека војната против тероризмот нема да трае постојано.

„Војната против теророт не завршена, но таа не е и бесконечна. Ниеден терорситички акт нема да ја смени нашата цел.“

Тој наведе дека не е познат денот кога ќе биде постигната таа победа, но оти Ирак беше решавачка пресвртница.
XS
SM
MD
LG