Достапни линкови

Багдад: Рамсфелд допатува во Багдад


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд допатува денеска во Багдад три недели откако американските сили ја презедоа контролата врз главнмиот град на Ирак и 40 дена од почетокот на инвазијата во која е урнат режимот на Садам Хусеин. Рамсфелд во Багдад, како и изутрината во Басра, ги поздрави американските сили. Американскиот секретар за одбрана се наоѓа на еднонеделна турнеја во Заливот на разговори за намалување на американското воено присуство во регионот.
XS
SM
MD
LG