Достапни линкови

САД нема да даваат концесии


Северна Кореја соопшти дека планира да развие и размести нуклеарно оружје поради ескалацијата и непријателските чекори што ги преземаат Соединетите држави. Вашингтон ја отфрли идејата да даде концесии доколку Пјонгјанг ја отфрли нуклеарната програма.

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека Северна Кореја ги известила американските преставници на разговорите во Пекинг дека Пјонгјанг поседува нуклеарно оружје и можност да направи уште повеќе. Севернокорејската агенција КЦНА во коментарот оцени дека Соединетите држави кои поседуваат најмногу нуклеарно оружје во светот и преставуваат константна закана за другите суверени држави терба да го намалат својот нуклеарен програм пред тоа да го стори Северна Кореја. Северно корејското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека американската политика кон Северна Кореја се заканува со физичка сила. Дипломатските разговори минатата недела во Пекинг, според Пјонгјанг, биле неплодини. Американскиот секретар за надворешни работи Колин Пауел вчера изјави дека Северна Кореја понудила да ја запре својата нуклеарна програма во замена за голема американска економска и дипломатска помош. Вашингтон таквата идеја ја отфрли. Портпаролот на Белата куќа Ари Флеичер.

„Тоа што претседателот го рече е дека ние нема да ја наградиме Северна Кореја за нејзиното лошо однесување. Ние бараме да ја напуштат нуклеарната програма и нема да им обезбедиме средства да направат нешто што тие отсекогаш велат дека ќе го направат.“

Денеска Северна и Јужна Кореја по четири дневните разговори се согласија на мирен начин да биде решена нуклеарната криза.
XS
SM
MD
LG