Достапни линкови

logo-print

Деновиве објавување на новиот мировен план


Новиот мировен план за Блискиот исток треба да биде објавен деновиве по одобрувањето на новиот палестински кабинет на премиерот Махмуд Абаз. Таканаречениот Роад Мап предвидува низа реципорочни мерки меѓу Израел и Палестинците за постигнување мир и формирање палестинска држава.

По речиси три години насилства во кои загинаа илјадници луѓе, Израел и палестинците се подготвуваат да го тестираат новиот мировен план креиран од Квартетот состевен од Соединетите држави, Европската Унија, Русија и Обединетите Нации. Објавувањето на планот, Вашингтон го одложуваше поради несогласувањата околу составот на новата влада меѓу реформаторскиот премиер Махмуд Абаз и лидерот на Фатах Јасер Арафат. Планот предвидува создавање палестинска држава најдоцна до 2005 година, а за да се постигне таа цел потребно е да се исполни цела низа реципрочни чекори од двете страни од кои најзначајните се запирање на палестинските напади, додека Израел треба да ги подобри животните услови на палестинците и да го спречи ширењето на еврејските доселенички населби. Аналитичарите и дипломатите во Вашингтон велат дека наименувањето на Абаз за премиер е корисно во моментот кога се враќа фокусот врз мирот на Блискиот Исток. Тој е подржан од палестинските реформатори и од Вашингтон и Израел кои се оградија од Арафат кого го побврзуваат со тероризмот. Денис Рос, кој 12 години беше клучна фигура на американската политика за Блискиот Исток, смета дека Абас сега треба да изгради голема подршка меѓу палестинците а дека од друга страна ке се соочи со натамошни проблеми кои ке му ги прави Јасер Арафат.

„Не може да стане збор дека во светот во кој едноставно Арафат решаваше, дека тој како стар војник, ке се тргне настрана. Тој и сега на себе гледа како некогаш – како човек отелотворение на палестинската кауза.“

Денис Рос, кој сега е аналитичар, вели дека Абаз има мала подршка меѓу широките маси која ке мора да ја задобије со овозможување подобар живот на луѓето. Палестинскиот премиер ке се соочи со жесток притисок на милтантните групи. Хамас, Исламски Џихад и Ал Акса бригадата веќе го отфрлија неговиот план за нивно разоружување. Според Рос главната улога на Вашингтон ќе биде да овозможи дека нема да дојде до недоразбирања меѓу двете страни за време на преговорите. Тој рече дека од огромна важност за успех на мировниот процес е подршката на арапските држави. Јорданскиот министер за надворешни работи Марван ал Муашер изјави дека ја подржува новата палестинска власт.

„Ние ја подржуваме новата палестинска влада и планираме да работиме со нив за да бидеме сигурни дека на теренот се обезбедени условите за повторно лансирање на мировниот процес.“

Американскиот аналитичар бившиот дипломат Денис Рос сепак смета дека арапските држави ке мора да сторат многу повеќе со давање поголема финансиска подршка за палестинците отколку досега. Како пример Рос наведува дека најголемиот донатор на палестинците меѓу арапите – Саудиска Арабија дава помалку помош за нив отколку на пример Норвешка.
XS
SM
MD
LG